Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Со сослушување на двајцата обвинети продолжи судскиот процес за случајот Пендиков

Со сослушување на двајцата обвинети продолжи судскиот процес за случајот Пендиков

1 min read

Охрид, 27. декември 2024 (ИНПРЕС) – Основниот суд во Охрид ги сослуша двајцата обвинети за претепувањето на секретарот на згаснатото здружение „Цар Борис Трети“ во Охрид, Христијан Пендиков.

И Илија Спасески и Борче Ангелов се изјаснија за невини по обвинението за нанесување тешка телесна повреда од омраза во вечерните часови на 19 јануари 2023 година, објави БТА.

– Борче Ангелов пред судот изјави дека не се познава со Пендиков, нема никаква врска со него и го напуштил Охрид околу 19 часот вечерта кога се случило тепањето. Илија Спасески, од своја страна, прецизираше дека го познава Христијан Пендиков, не само затоа што е охриѓанец, туку и затоа што учеле во исто училиште, дека истата вечер се виделе во ресторанот, на паркингот пред кој се случила тепачката и му честитал на Пендиков, а рекол и дека не го интересираат бугарските здруженија во Македонија и дека не знаел дека Пендиков бил секретар на здружението „Цар Борис Трети“ и нема негативен став кон Бугарите, затоа што голем дел од туристите во Охрид се Бугари, изјави адвокатот на Пендиков Стефан Камишевски.

На следното рочиште за случајот, закажано за 3-ти февруари, ќе бидат изнесени изјавите на обвинителството и на одбраната.

Христијан Пендиков беше претепан на 19 јануари 2023 година во вечерните часови на празникот Богојавление-Водици. Тој притоа беше тешко повреден и пренесен на лекување во Софија, а причината за тепањето според обвинителството била етничка омраза. (Крај)

извор: Слободен печат фото: архива

Post navigation

Previous Работилница за изработка на ѕвездите за Бадниковата поворка
Next Македонскиот пасош на 40. место во светот, без визи може да се патува во 129 земји

Слични вести

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“
1 min read

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни
1 min read

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival
1 min read

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.