Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Совинц: Никако не смее да се дозволи да се гради марина во каналот Студенчишта

Совинц: Никако не смее да се дозволи да се гради марина во каналот Студенчишта


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 26. април 2023 (ИНПРЕС) – Добро да се осмисли каде ќе биде новата марина, јасно е дека во каналот, кај Студенчишкото Блато, тоа никако не смее да се случи, со тоа ќе дојде крај на овој блатен систем, истакна експертот на мисијата на Бернската конвенција, Андреј Совинц.

Додаде дека Студенчишкото Блато е едно од последните подрачја што имаат карактер на вистинско мочуриште, со посебни билки и особено птици, а како подрачје е многу загрозено. Проблемот ќе е раши само кога законот за негова заштита ќе се имплементира.

– Некои мислат дека само со Законот за заштита ќе се реши проблемот. Нема да го реши. Истиот ќе биде решен кога ќе дојде до имплементација на законот, кога ќе има промени на терен. Ова подрачје ќе исчесне за неколку години ако ведаш не се почне со некои мерки, како прво да се отстрани она што е штетно, тука е загадувањето, одземањето вода, илегални градби и потоа задолжително да се поврзе ова подрачје со езерото, инаку ќе пресуши за некоку години, подвлече Совинц.

Според него Студенчишкото Блато кое има голем туристички потенцијал, бидејќи сé повеќе туристи ќе доаѓаат да се восхитуваат на природата, да ги видат птиците, за тоа мора добро да се размисли пред нешто да се презема за овој простор. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Имате најдобри планови на хартија, но мора конечно да дојде до управување на терен порачаа претставниците на УНЕСКО и Бернската конвенција
Next Прекин во водоснабдувањето во делови од градот

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.