Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Соработка на училиштата од Белград и Охрид

Соработка на училиштата од Белград и Охрид

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Белград, 24. април 2023 (ИНПРЕС) – Во рамки на соработката меѓу училиштата од Македонија и Србија, викендов во Белград во возвратна посета на ОУ „Веселин Маслеша“ престојуваше делегација на основното училиште „Кочо Рацин“ од Охрид, јави дописникот на МИА од Белград.

Посетата на преставниците на ОУ „Кочо Рацин“ од Охрид на Белград, на одбележувањето на денот на училиштето „Веселин Маслеша“ се реализираше во рамки на меморандумот за соработка потпишан на 20-ти декември минатата година.

Во меморандумот поддржан од почесниот конзул на Република Србија во Охрид, Михајло Филев, а потпишан од директорите на двете училишта, Славица Котеска и Милан Стошиќ, се наведува дека во име на добрата намера и искрената соработка, двете училишта сакаат да ја унапредат воспитно-образовна работа преку културно- уметничка, спортска и забавна програма, организирање на стручни средби и конференции за професионално усовршување на наставниците, како и студиски патувања за учениците и вработените.

По тој повод, претставниците на училиштето од Охрид го посетија белградското училиште во текот на нејзиното одбележување на училишниот ден. (Крај)

извор: Опсервер фото: архива

Post navigation

Previous УЈП: Рокот за поднесување на ДДВ-04 пријави продолжен до 28-ми април
Next На 3-ти мај ќе се врши земјена дезинсекција против ларви од комарци

Слични вести

Здравје: Кафе на празен стомак – да или не? Здравје: Кафе на празен стомак – да или не?
1 min read

Здравје: Кафе на празен стомак – да или не?

„Наследена носија“ – самостојната изложба на Мила Добревска на 23 април во Охрид „Наследена носија“ – самостојната изложба на Мила Добревска на 23 април во Охрид
1 min read

„Наследена носија“ – самостојната изложба на Мила Добревска на 23 април во Охрид

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор? Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?
1 min read

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.