Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Театарската група при Црвен крст Охрид ја изведе претставата „Бара“ во Требиње, Босна и Херцеговина

Театарската група при Црвен крст Охрид ја изведе претставата „Бара“ во Требиње, Босна и Херцеговина

1 min read

Охрид, 11. септември 2023 (ИНПРЕС) – Пред бројната публика во Културниот центар во Требиње, Босна и Херцеговина, театарската група на Црвен крст Охрид во петокот, на 8-ми септември, успешно ја изведе претставата „Бара“.

Младите охридски актери, на креативен начин ги прикажаа животните судбини и предизвици на жртвите на еден систем со нарушени вредности, борбата на човекот со различни искушенија и неправди поминувајќи по тежок пат исполнет со очај и рамнодушност, лутајќи во лавиринтот на безнадежноста во потрага за подобро утре и подобри ние, што за жал е секојдневие на повеќето луѓе кои живеат на просторите на поранешната СФРЈ.

Претставата „Бара“, во сценарио и режија Емилија Блажеска, Весна Терзиоска и Јованка Сион Доленц, театарската група на Црвен крст Охрид премиерно ја изведе на отворањето на овогодинешниот Аматерски младински театарски фестивал „Вдиши Театар“.

– Посетата на Црвен крст Требиње, волонтерите на Црвен крст Охрид ја искористија за воспоставување нови пријателства и дружење со волонтерите на Црвен крст Требиње и запознавање со знаменитостите и убавините на овој крај. Оваа средба на младите во Требиње ќе ја зајакне и прошири постоечката соработка на двете организации на Црвен крст и во делот на театарската уметност со дефинирање на учеството на волонтери на Црвен крст Требиње на Аматерскиот младински театарски фестивал „Вдиши Театар“ наредната година во Охрид, информираат од Црвен крст Охрид.

 

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Охрид најубав: 11. септември 2023 година
Next Сдк.мк: Како САД ги става на црна листа, така државата ги спасува – се спасува ли струшкиот градоначалник Мерко од сите 15 истраги за корупција?

Слични вести

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото
1 min read

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“ Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“
1 min read

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.