Охрид, 3. јуни 2026 (ИНПРЕС) – Во вторник, 9. јуни, ќе се одржи третото издание на „Детски Прличеви беседи“.
Ќе учествуваат најмладите љубители на литературата, творештвото и убавиот збор.
– Преку детскиот глас ќе оживеат мислите, делата и духот на големиот Григор Прличев, а младите учесници ќе испратат порака дека љубовта кон мајчиниот јазик и литературата продолжува да живее и во новите генерации, порачуваат организаторите.
Манифестацијата ќе се одржи во Спомен-куќата на Григор Прличев со почеток во 13:00 часот. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
