Охрид, 16. март 2026 (ИНПРЕС) – „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров е насловен концертот на Охридскиот камерен оркестар што ќе се одржи утревечер, а има хуманитарен карактер.
– Влезот ќе биде слободен, но ќе бидат поставени кутии за донирање, а средствата ќе бидат наменети за лекување на малата Ева, соопштија организаторите.
На концертот ќе учествуваат: проф. Љупчо Аслимоски, Андреј Нически, Јане Тодороски, Мартин Мацкоски, како и вокалните солисти: Исабела Димовска, Анастасија Таневска, Фросина и Деспина Белистојаноски и Димитар Веслиевски.
Концертот ќе се одржи во малата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 19:30 часот. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
