Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Чествување за ликот и делото на Гоце Жура по повод пет години од неговото упокојување

Чествување за ликот и делото на Гоце Жура по повод пет години од неговото упокојување

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 27. март 2024 (ИНПРЕС) – Чествување за ликот и делото на познатиот историчар на уметност и археолог Гоце Ангеличин-Жура, по повод пет години од неговото упокојување, ќе се одржи во петок во спомен-куќата на Христо Узунов.

Настанот е со почеток во 12:00 часот, а е во организација на д-р Гордана Ангеличин-Жура и Горан Митрески, историчар кустос, во соработка со НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид.

За ликот и делото на Гоце Жура ќе говорат археологот Паско Кузман, историчарот на уметност Јорданка Матова, директорот на НУБ „Григор Прличев“ Охрид м-р Милчо Јованоски и проф. д-р Климент Наумов, доцент при Факултетот за туризам и угостителство-Охрид.

Гоце Ангеличин Жура е основоположник и втемелувач на теренските истражувања на пештерните цркви и монашки живеалишта во охридско-преспанскиот регион. Прв истражувач на црквите од турскиот период во поширокиот регион на Преспа и Москополе што резултира со откривање на нови ликови на Светите Климент и Наум и со тоа пополнува една огромна празнина за овој период.
Ја применил својата стручна информираност во многу јавни настапи низ аудио-визуелните медиуми и печатот, како и со соработка на дигитални проекти, со што придонел за значително поголем интерес на пошироката јавност за вредностите на средновековната уметност. Свои стручно-научни трудови има презентирано на бројни научни собири во Македонија и во странство.

Неговите истражувања резултираат со огромна фото документација, драгоцена за идните генерации и науката во целост. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои и Повелбата Патрон на градот Св. Климент Охридски во 2007 година. Има напишано 20 книги и монографии и преку 50 научни трудови.

Почина на 1-ви април 2019 година во Охрид, на 68 годишна возраст. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Прекин во водоснабдувањетo на улицaта „Дејан Војвода“
Next Македонија2025 доделува стипендии за четвртиот „Охрид камп за високотехнолошка извонредност“

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.