Охрид, 24. април 2026 (ИНПРЕС) – На годинашниот Државен натпревар „Образовно рандеву МАССУМ 2026“ учествуваат и ученици од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски” и постигнаа забележителни резултати.
Тимот под менторство на проф. Наташа Јанкоска Китани и проф. Никола Сиљаноски, освоија прво место во категорија најдобар штанд меѓу стручните училишта од нивната област.

Натпревари ќе има и денес, на кои повторно ќе учествуваат ученици од ова училиште. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски”
