Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Ѓоргиевска: Немањето лиценца за испитен центар во Охрид се одрази на работата на авто школите

Ѓоргиевска: Немањето лиценца за испитен центар во Охрид се одрази на работата на авто школите

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 11. април 2023 (ИНПРЕС) – Повеќе од еден месец кандидатите кои завршиле со обука за возачи не можат да полагаат возачки испит.

Причината е што на постоечкиот испитен центар му е истечена лиценцата, а вчера е објавен нов конкурс за избор, откако претходниот не бил успешен.

Работата застана, кандидатите не доаѓаат да завршат со часови додека нема комисија, многу малку се запишуваат нови. На нас како авто школи ни криви ни должни, немањето лиценца за испитен центар во Охрид ни се одрази на работата, вели за Супер радио и InPress Бети Ѓоргиевска, сопственик и инструктор во авто школата „Ролекс“ од Охрид.

Нема опис за фотографијата.

– Од почетокот на март, еве веќе повеќе од еден месец кандидатите кои завршиле со обука не можат да полагаат за возачки испит. Објавен е нов конкурс, административно до каде ќе оди постапката не можам точно да проценам, но според мене ќе помине уште толку додека завршат постапките за добивање лиценца. Секако дека ова влијае на обемот на нашата работа, потенцира Ѓоргиевска.

Нема опис за фотографијата.

И покрај ваквата ситуација, Ѓоргиевска препорачува и ги повикува сите оние кои се заинтересирани, да си го почнат процесот на обука, надевајќи се дека лиценцата ќе биде одобрена во некое нормално време, штом ја завршат обуката ќе излезат на испит. Во секој случај да си почнат со обука и да го искористата овој период кога нема многу гужва.

Можно е да е слика од автомобил и пат

Министерството за внатрешни работи вчера го објави јавниот конкурс за избор на правно лице за добивање лиценца за испитен центар Охрид, кој трае 15 дена и во кој се наведени условите што треба да ги исполнуваат фирмите што ќе учествуваат. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Oделото на Џон Траволта oд „Треска на саботната вечер“ оди на аукција
Next Вечерва претпремиера, утревечер премиера на комедијата „Несфатената цивилизација“ од Добри Војников

Слични вести

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите
1 min read

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.