Скопје, 12. март 2025 (ИНПРЕС) – Гаро стана заштитно лице на светските легендарни компании Зилџан (Zildjian), Вик Фирт (Vic Firth), Сонор (Sonor), Симпад (Cympad), Дадарио (D’addario/Evans), Ертом (Rtom и Томан Мјузик (Thomann).
Светскиот Вик Фирт произведе палки за Гаро со негов потпис каде се наоѓа и македонско знаме и ритамот на 7/8-мини.
Претходеше долг пат 2 ипол децении, настапи заедно со Diran Tavitjan во сите светски метрополи, 100-тици концерти, 100-тина албуми снимени и безброј ангажмани со светски Греми добитници и интернационални артисти итн. Поголем дел од кариерата Гаро ја поминува на интернационално ниво.
Гаро во соработка со светските легендарни компании направи презентација и на негови видео перформанси и композоции вклучувајки ги најголемите светски гитаристи (Греми добитници) како Mike Stern, Frank Gambale и Oz Noy како и легендарниот саксафонист Eric Marienthal и музичкиот директор на Мајкл Џексон и Џенет Џексон, Morris Pleasure, Fernando Saunders, Rhani Krija, Diran Tavitjan итн.
Гаро е објавен и од најреномирамиот тапанарски светски Американски магазин Modern Drummer како прв тапанар од балканот и од најголемиот светски Drum Talk TV форум за тапанари.
Последна соработка е таа со легендите од Ју сцената: Дарко Рундек (Хаустор), Срџан Гиле (Електрични Оргазам), Даворин Боговиќ (Прљаво Казалиште), Гобац (Психомодо Поп), Диран Тавитјан и Бодан Арсовски.
Како и авторска песна на Гаро во соработка со Оливер Мандиќ. Исто така неодамна и распродаден концерт во светскиот Carnegie Hall. (Крај)
извор: Црно бело фото: архива







