Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Ердал Лушо е на 280 милји до Зелено Р’тските острови, го промени курсот на трката поради протекување од крмата

Ердал Лушо е на 280 милји до Зелено Р’тските острови, го промени курсот на трката поради протекување од крмата

1 min read
Ердал Лушо е на 280 милји до Зелено Р’тските острови, го промени курсот на трката поради протекување од крмата

Струга, 19. декември 2025 (ИНПРЕС) – Во тек е главниот дел од легендарната трка „Светски предизвик на Атлантикот“, а стружанецот Ердал Лушо и понатаму е на пат кон Зелено Р’тските острови и му преостануваат уште 280 наутички милји.

Во текот на трката тој мораше да го промени курост поради потребата од поправка на крмата која почнала да протекува, утврдил дека е свиткана оската на трим-таблата, па „Пиксел“ го управува рачно преку ден, а ноќе спие.

– Пред три ноќи слушнав многу непознат звук, додека дрифтував со влечните јажиња, отогаш не можев да држам прав курс, без разлика што и да правев. Се испостави дека нешто удрило и ми ја свиткало оската на трим-таблата. Поминаа 3 дена, управувам рачно преку ден, а спијам ноќе, остануваат уште 280 наутички милји. Треба да ја донесам најтешката одлука во мојот живот!, напиша утринава Ердал.

Вкупно 8 натпреварувачи кои ги поминаа елиминациите, меѓу кои и Лушо, пловат сами 40 дена во обид да го преминат Атлантикот, од Португалија до Карибите. Стружанецот Ердал Лушо ја финишира првата етапа на SAC-25, од Португалија до Канарските острови на третото место, со време од седум дена и 39 минути.

Напредокот можете да го следите ОВДЕ.

Супер радио и InPress ќе го следат неговиот подвиг, а на Ердал му посакуваме многу среќа и мирно море со толку ветер колку што е потребно за неговиот „Пиксел“ сигурно и брзо да стигне до Карибите. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous ИЈЗ: Минатата недела пријавени 126 нови случаи на грип, Охрид во групата со помалку од 10 заболени
Next Исплата на К-15 до крајот на годината

Слични вести

Искосен мал дел од зелениот појас на поранешното игралиште кај Историски архив – граѓаните бараат целосно уредување (Фото) Искосен мал дел од зелениот појас на поранешното игралиште кај Историски архив – граѓаните бараат целосно уредување (Фото)
1 min read

Искосен мал дел од зелениот појас на поранешното игралиште кај Историски архив – граѓаните бараат целосно уредување (Фото)

ЈП „Билјанини извори“: Сечењето на дрвата кај каналот „Студенчишта“ е од безбедносни причини ЈП „Билјанини извори“: Сечењето на дрвата кај каналот „Студенчишта“ е од безбедносни причини
1 min read

ЈП „Билјанини извори“: Сечењето на дрвата кај каналот „Студенчишта“ е од безбедносни причини

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани
1 min read

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.