Историска драма во чест на 150 годишнината од раѓањето на Кирил Прличев
February 26, 2025

Охрид, 26. февруари 2025 (ИНПРЕС) – Со културна програма во петок, 28-ми февруари, ќе биде одбележан јубилејот, 150 годни од раѓањето на Кирил Прличев.

Предвидена е изведба на историската драма „Борбата за иднината“ – судбината на Кирил Прличев на која автор е професорот Михаил Патчев.

– Делото на Кирил Прличев остави вечна трага во светот на книжевноста и е важен дел од македонската култура. Да продолжиме да го чуваме неговиот спомен и достојно да го чествуваме неговото име, велат од Општина Охрид.

Свеченоста ќе се одржи во Спомен куќата на Христо Узунов со почеток во 12:30 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива