Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Новоформираното КУД „Разбој“ ги свртува погледите кон богатството на традицијата

Новоформираното КУД „Разбој“ ги свртува погледите кон богатството на традицијата

1 min read
Новоформираното КУД „Разбој“ ги свртува погледите кон богатството на традицијата

Охрид, 4. септември 2025 (ИНПРЕС) – Деновиве беше промовирано новоформираното КУД „Разбој“ во селото Лескоец со цел да го негува и промовира богатото културно и фолклорно наследство на нашата заедница.

Основано е од група ентузијасти, од различни возрасти, кои споделуваат заедничка љубов кон македонската култура и желба да ја пренесат на новите генерации.

Предводено е од искусниот Владо Пуцоски, кој долги години беше истакнат играорец во АКУД „Лескоец“ и КУД „Бисери“.

– Името што го носиме не е случајно. Разбојот е симбол на создавање, на вплетување на боите, обичаите и духот на нашиот народ. Како што конецот се вткајува во платното, така и ние ќе ги вткајуваме нашите срца во ова друштво, за да остане везено во времето и да биде мост меѓу минатото и иднината. Наша света должност е да ја чуваме традицијата, да ја оживуваме играта, песната и обичаите на нашите дедовци, баби, татковци и мајки, и со тоа и да ја пренесеме убавината на македонската традиција на идните поколенија, вели за Супер радио и InPress претседателот Пуцоски.

Додава дека друштвото ќе понуди уникатно искуство преку изведба на македонски народни песни, танци и традиционални обреди. Ќе се стреми не само да изведува, туку и да образува, организирајќи работилници и обуки за традиционалните уметности.

Покрај редовните настапи планот е КУД „Разбој“ да организира културни манифестации, фестивали и настани, со цел да ја збогати културна размена и да создаде посебен простор за уметноста во нашата заедница.

Во тек се уписите на нови членови играорци, инструменталисти и пејачи, секој вторник, четврток и сабота од 19:00 часот, во големата сала при Домот на култура во село Лескоец. Членувањето во КУД „Разбој“ е бесплатно за сите кои сакаат да се приклучат. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Од Билјанините извори не тече вода, езерското ниво и понатаму под просекот
Next Утре отворен ден за програмата „Полетарче“ на Црвен крст Охрид

Слични вести

Лазаревски за InPress и Супер радио: Учествата на Европско или Светско првенство за нас е огромен успех, како федерација сме една од поуспешните Лазаревски за InPress и Супер радио: Учествата на Европско или Светско првенство за нас е огромен успех, како федерација сме една од поуспешните
1 min read

Лазаревски за InPress и Супер радио: Учествата на Европско или Светско првенство за нас е огромен успех, како федерација сме една од поуспешните

Во сабота Меѓународна подводна еколошка акција за чистење на Охридското Езеро Во сабота Меѓународна подводна еколошка акција за чистење на Охридското Езеро
1 min read

Во сабота Меѓународна подводна еколошка акција за чистење на Охридското Езеро

Охрид во март го посетиле 13.475 странски туристи, најмногу од Франција, Србија и Турција Охрид во март го посетиле 13.475 странски туристи, најмногу од Франција, Србија и Турција
1 min read

Охрид во март го посетиле 13.475 странски туристи, најмногу од Франција, Србија и Турција

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.