Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Новоформираното КУД „Разбој“ ги свртува погледите кон богатството на традицијата

Новоформираното КУД „Разбој“ ги свртува погледите кон богатството на традицијата

1 min read
Новоформираното КУД „Разбој“ ги свртува погледите кон богатството на традицијата

Охрид, 4. септември 2025 (ИНПРЕС) – Деновиве беше промовирано новоформираното КУД „Разбој“ во селото Лескоец со цел да го негува и промовира богатото културно и фолклорно наследство на нашата заедница.

Основано е од група ентузијасти, од различни возрасти, кои споделуваат заедничка љубов кон македонската култура и желба да ја пренесат на новите генерации.

Предводено е од искусниот Владо Пуцоски, кој долги години беше истакнат играорец во АКУД „Лескоец“ и КУД „Бисери“.

– Името што го носиме не е случајно. Разбојот е симбол на создавање, на вплетување на боите, обичаите и духот на нашиот народ. Како што конецот се вткајува во платното, така и ние ќе ги вткајуваме нашите срца во ова друштво, за да остане везено во времето и да биде мост меѓу минатото и иднината. Наша света должност е да ја чуваме традицијата, да ја оживуваме играта, песната и обичаите на нашите дедовци, баби, татковци и мајки, и со тоа и да ја пренесеме убавината на македонската традиција на идните поколенија, вели за Супер радио и InPress претседателот Пуцоски.

Додава дека друштвото ќе понуди уникатно искуство преку изведба на македонски народни песни, танци и традиционални обреди. Ќе се стреми не само да изведува, туку и да образува, организирајќи работилници и обуки за традиционалните уметности.

Покрај редовните настапи планот е КУД „Разбој“ да организира културни манифестации, фестивали и настани, со цел да ја збогати културна размена и да создаде посебен простор за уметноста во нашата заедница.

Во тек се уписите на нови членови играорци, инструменталисти и пејачи, секој вторник, четврток и сабота од 19:00 часот, во големата сала при Домот на култура во село Лескоец. Членувањето во КУД „Разбој“ е бесплатно за сите кои сакаат да се приклучат. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Од Билјанините извори не тече вода, езерското ниво и понатаму под просекот
Next Утре отворен ден за програмата „Полетарче“ на Црвен крст Охрид

Слични вести

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ
1 min read

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил
1 min read

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.