Охрид, 14. март 2025 (ИНПРЕС) – Интернационалниот музички фестивал „Охрид-фест – Охридски трубадури“ распишува конкурс за нови композиции, што ќе бидат изведени на 32. издание на фестивалот што ќе се одржи на 29-ти и 30-ти август.
Условите за учество на „Охрид фест – Охридски трубадури 2025“ се:
* Да се прецизира – за која фестивалска вечер е наменета песната (Фолк или Интернационална);
* Да се испрати демо-снимка (со пратечки инструменти, пијано и гитара) и текст на македонски јазик;
* Наслов на композицијата;
* Песната да не е изведувана;
* Податоци на авторите (име, презиме, авторската улога во тимот) и контакт.
На конкурсот може да учествуваат сите домашни и странски автори кои ги исполнуваат условите. Песните се испраќаат на мејл адресите: ohridfestofficial@gmail.com и grigorkoprov@yahoo.com
Конкурсот е отворен до 1-ви јуни. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива