Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Продолжува програмата за одбележување на годишнината од смртта на Христо Узунов

Продолжува програмата за одбележување на годишнината од смртта на Христо Узунов

1 min read
Продолжува програмата за одбележување на годишнината од смртта на Христо Узунов

Охрид, 24. април 2026 (ИНПРЕС) – Денеска продолжува програмата за одбележување на 121 година од смртта на големиот револуционер Христо Узунов.

Од 11:00 часот ќе биде положено цвеќе пред неговото спомен обележје во градскиот парк, додека во истиот термин ќе се одржи панихида и полагање цвеќе на гробот на Узунов на местото на неговата погибија во кичевското село Цер.

Во спомен – куќата наУзунов од 12:00 часот ќе се одржи свечена програма со драмска изведба на монодрамата „Син на две мајки – последната ноќ пред истрелот“ од страна на учениците Климент Размоски и Леа Шумуликоска од ОСУ „Св.Климент Охридски“ под менторство на професорката Ирена Бачиќ. Настап со родољубиви песни ќе има охридскиот музичар Ѓоко Чеменкоски.

Програмата ќе биде заокружена вечерва со едукативната детска претстава „Христо Узунов низ детските очи“ во изведба на детското драмско студио „Цвет 75“ од Охрид, со почеток во 19:00 часот во Ohrid Mall. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Здравје: Колку брзо треба да истрчате еден километар според вашата возраст?
Next Прво место за најдобар штанд за учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“ на „Образовно рандеву МАССУМ 2026“

Слични вести

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото
1 min read

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“ Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“
1 min read

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.