Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Викендов започнува зимското сметање на времето

Викендов започнува зимското сметање на времето

1 min read

Охрид, 21. октомври 2025 (ИНПРЕС) – Претстојниов викенд, ноќта помеѓу 25-ти и 26-ти октомври ќе започне зимското сметање на времето.

Стрелките на часовниците ќе се поместат за еден час наназад, со што времето во 03:00 ќе се смета за 02:00 часот.

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.

Оваа промена, која традиционално носи повеќе дневна светлина наутро, но и порано затемнување попладне, годинава ќе се случи најрано во последниве единаесет години.

Преминувањето на летно и зимско сметање на времето првпат е забележано во 1916 година, во земјите на северот на Европа, а досега е воведено во околу 70 земји, за да се заштеди енергијата со тоа што периодот на дневната светлина од раните утрински часови ќе се „премести“ навечер. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Голем интерес за бесплатна вакцинација против грип во Охрид, досега се имунизирани околу 800 лица
Next Прекин во водоснабдувањето на улицa „Рашанец“ во село Лескоец

Слични вести

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото
1 min read

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“ Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“
1 min read

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.