Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во сите парохиски цркви во Охрид тече пријавувањето на капачите за празникот Богојавление Водици

Во сите парохиски цркви во Охрид тече пријавувањето на капачите за празникот Богојавление Водици

1 min read
Во сите парохиски цркви во Охрид тече пријавувањето на капачите за празникот Богојавление Водици

Охрид, 15. јануари 2026 (ИНПРЕС) – Во сите парохиски цркви во Охрид тече пријавувањето на капачите кои сакаат да бидат дел од најмасовната културно-верска манифестација кај нас, одбележувањето на празникот Богојавление – Водици.

Во недела, 18-ти јануари од 19:00 до 23:00 часот на пунктот на Црвен крст Охрид поставен на платото помеѓу Капетанија и ресторанот „Чун“ медицински тимови ќе вршат основни здравствени прегледи на оние кои се одлучиле да „скокаат по крстот“, а екипи на Црвен крст Охрид ќе се задолжени и за безбедноста на капачите и присутните на денот на празникот.

Деновиве централното градско подрачје и крајбрежјето треба да блеснат во празничен декор, а за чистотата на езерското дно ќе се погрижат нуркачите од двата охридски нуркачки клубови, „Амфора“ и „Охрид“.

Централните празнувања се во понеделник, на 19-ти јануари. Започнуваат во раните утрински часови со свети  и празнични литургии во сите парохиски цркви, по што трите литии од црквите Св. Богородица-  Каменско, Св. Георгиј – Горна Влашка Мала и Св. Никола – Геракомија ќе се упатат кон градското пристаниште. Чинот  на  полагањето на Светиот крст во водите на Охридското Езеро ќе биде во 10:00 часот  од Колцето на пристаниште, а ќе го изврши Митрополитот Дебарско – кичевски  г. Георгиј.

По осветувањето на езерските води напладне кај месноста Сараиште ќе биде организирано групно крштевање, а во истиот термин на плоштадот „Св. Климент Охридски“ ќе настапат Елена Велевска и Елена Андоноска. Во периодот од 09:00 до 15:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се реализира традиционалната крводарителска акција „Водици 2026“ под мотото „Една капка може да промени сè“, во организација на Црвен крст Охрид.

Чествувањата и обичаите поврзани со Водици во Охрид, ќе продолжат и на 20-ти јануари со Денот на рибарите и празникот Свети Јован Крстител. На Сараитше ќе има заедничко капење и настап охридскиот музички еснаф. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Во понеделник ќе се реализира традиционалната крводарителска акција за празникот Водици
Next За една недела во Охрид регистрирани 202 заболени од грип, се бележи многу висока активност на вирусот

Слични вести

Лазаревски за InPress и Супер радио: Учествата на Европско или Светско првенство за нас е огромен успех, како федерација сме една од поуспешните Лазаревски за InPress и Супер радио: Учествата на Европско или Светско првенство за нас е огромен успех, како федерација сме една од поуспешните
1 min read

Лазаревски за InPress и Супер радио: Учествата на Европско или Светско првенство за нас е огромен успех, како федерација сме една од поуспешните

Во сабота Меѓународна подводна еколошка акција за чистење на Охридското Езеро Во сабота Меѓународна подводна еколошка акција за чистење на Охридското Езеро
1 min read

Во сабота Меѓународна подводна еколошка акција за чистење на Охридското Езеро

Охрид во март го посетиле 13.475 странски туристи, најмногу од Франција, Србија и Турција Охрид во март го посетиле 13.475 странски туристи, најмногу од Франција, Србија и Турција
1 min read

Охрид во март го посетиле 13.475 странски туристи, најмногу од Франција, Србија и Турција

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.