Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • ИЈЗ: Минатата недела пријавени 96 нови случаи на грип, во Охрид регистрирани 12 заболени

ИЈЗ: Минатата недела пријавени 96 нови случаи на грип, во Охрид регистрирани 12 заболени

1 min read

Охрид, 12. декември 2025 (ИНПРЕС) – За една недела, во периодот од 1-ви до 7-ми декември 2025 година, во Република Македонија се пријавени 96 случај на групни пријави за заболени од грип и заболувања слични на грип, за 15,8% помалку во однос на минатата недела се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Од нив 85 лица се на возраст од 15-64 години, 6 лица на возраст над 65 години, 4 деца на возраст од 5-14 години и еден регистриран случај на возраст од 0-4 години.

– Заболените лица оваа недела се регистрирани во Куманово – 17, Охрид – 12, Тетово – 11, Македонски Брод – 10, Кавадарци – 9, Скопје – 8, Прилеп – 6, Штип и Радовиш по 5, Битола и Виница по 4, Струмица – 3, Гостивар – 2. Пријавената инциденца е под неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип, односно сѐ уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип, стои во извештајот.

Во сезоната 2025/2026 вкупниот број на случаи на грип/заболувања слични на грип изнесува 872. Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 60,9%.

Од 16 октомври започна да се спроведува бесплатната вакцинација против сезонски грип за ризичните групи граѓани, а интересот е голем. Досега на ниво на Република Македонија со бесплатна вакцина се имунизирани вкупно 76.702 лица од ризичните категории. Покрај тоа набавени се и 2.400 дози комерцијални вакцини за останатото население и досега се имунизирани 1.749 лица.

Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Теквондисти од МТТФ ќе учествуваат на Светскиот куп „Кинг од Таеквон-до“ во Солун
Next Утре повеќечасовен прекин во водоснабдувањето во населбата Црногорци и селата Лескоец и Лакочереј

Слични вести

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил
1 min read

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил

Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина
1 min read

Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.