Охрид, 25. септември 2025 (ИНПРЕС) – Кандидатите за градоначалник на Општина Охрид на престојните локални избори, закажани за 19-ти октомври утре ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори.
За градоначалничката фотелја на овие локални избори ќе се тркаат четири кандидати, актуелниот градоначалник, Кирил Пецаков, како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, д-р. Асен Шајн од СДСМ и нивната Коалиција, Гоце Цветкоски како независен кандидат и Стевче Стевоски како кандидат од Твоја партија.
Вчера Државната изборна комисија (ДИК) на јавна седница преку жрепка ја утврди единствената листа на кандидати за градоначалници кои доаѓаат од редовите на парламентарните партии и нивните редни броеви за Локалните избори 2025.
Според утврдениот календар, изборната кампања ќе започне во понеделник, на 29-ти септември и ќе трае до 17-ти октомври.
Граѓаните на 19-ти октомври ќе гласаат за избор на градоначалници и членови на општинските совети, додека евентуалниот втор круг на изборите е закажан за 2-ри ноември. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
