Охрид, 24. јуни 2025 (ИНПРЕС) – Со бројни спортско-рекреативни настани, во втората половина на август ќе се одржи третото издание на Фестивалот на водени спортови Ohrid water festival.
– Охрид повторно ќе биде домаќин на единствениот фестивал кој ги спојува водените спортови и културната програма во нашиот магичен Охрид, порачуваат организаторите.
Ohrid Water Festival годинава ќе се одржи од 16-ти до 30-ти август. Градот во овие денови ќе живее со водените спортови и бројните едукативни и културно – забавни настани.

Фестивалот има за цел промоција, популаризација и развој на водените спортови, заштита на Охридското Езеро и негова промоција, како и збогатување на туристичката понуда.
Централен настан ќе биде традиционалниот Охридски пливачки маратон. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
