Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Се уредува пристаништето во пресрет на Водици

Се уредува пристаништето во пресрет на Водици

1 min read
Се уредува пристаништето во пресрет на Водици

Охрид, 15. јануари 2026 (ИНПРЕС) – Во пресрет на еден од најголемите христијански празници Богојавление – Водици, екипи на охридските јавни претпријатија денес работеа на терен за целосно чистење на пристаништето.

– Спустот во езерските води, од каде што традиционално влегуваат капачите, е исчистен од наноси на камења, песок и отпад. Целта е да се обезбеди безбеден и непречен пристап за сите оние кои годинава ќе бидат дел од празничната манифестација и ќе се обидат да го фатат светиот крст, стои во објавата на градоначалникот Кирил Пецаков на Фејсбук.

Централните празнувања се во понеделник, на 19-ти јануари. Започнуваат во раните утрински часови со свети  и празнични литургии во сите парохиски цркви, по што трите литии од црквите Св. Богородица – Каменско, Св. Георгиј – Горна Влашка Мала и Св. Никола – Геракомија ќе се упатат кон градското пристаниште. Чинот  на  полагањето на Светиот крст во водите на Охридското Езеро ќе биде во 10:00 часот  од Колцето на пристаниште, а ќе го изврши Митрополитот Дебарско – кичевски  г. Георгиј.

Деновиве централното градско подрачје и крајбрежјето треба да блеснат во празничен декор. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous За една недела во Охрид регистрирани 202 заболени од грип, се бележи многу висока активност на вирусот
Next Црвен крст и годинава ќе се грижи за безбедноста на капачите и посетителите за Водици и Денот на рибарите во Охрид

Слични вести

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото
1 min read

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“ Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“
1 min read

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.