Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи

1 min read
ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи

Охрид кеј Македонија сонце гужва бродови катамарани

Охрид, 12. март 2026 (ИНПРЕС) – Во десеттата недела од 2026 година, во периодот од 2- ри до 8-ми март, во Република Македонија се пријавени 296 случаи на групни пријави за заболени од грип и заболувања слични на грип, за 61,4% помалку во споредба со минатата недела се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Од нив 178 лица се на возраст од 15 до 64 години, 45 лица на возраст над 65 години, 43 деца на возраст од 5 до 14 години и 30 на возраст од 0 до 4 години.

– Најмногу заболени лица оваа недела се регистрирани во Прилеп, вкупно 75, по што следуваат Тетово – 46, Гевгелија – 33, а во Струмица, Охрид, Скопје, Штип, Дебар, Кичево, Куманово, Кавадарци, Струга, Неготино, Радовиш, Гостивар, Велес, Свети Николе, Ресен, Пробиштип, Битола и Македонски Брод, бројот на заболени е помал од 30. Во Демир Хисар, Кочани, Берово, Виница, Делчево, Пехчево, Крива Паланка, Кратово, Крушево и Валандово, нема пријавени заболени лица од грип и заболувања слични на грип, стои во извештајот.

Во Охрид изминативе два месеци константно се намалува бројот на новозаболени и веќе се бележи многу ниска активност на вирусот на грип.

Во сезоната 2025/2026 вкупниот број на случаи на грип/заболувања слични на грип изнесува 16.047. Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е намален за 28%. Најголем број заболени се евидентирани во јануари. Во текот на сезоната на грип, регистрирани се четири починати лица асоцирани со грип.

Од 16 октомври 2025 година започна да се спроведува бесплатната вакцинација против сезонски грип за ризичните групи граѓани, а интересот е голем. Досега на ниво на Република Македонија со бесплатна вакцина се имунизирани вкупно 77.280 лица од ризичните категории. Покрај тоа набавени се и 2.400 дози комерцијални вакцини за останатото население и досега се имунизирани 1.839 лица. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите
Next Изречени 57 санкции за сообраќајни прекршоци во струшко, лишено од слобода едно лице, одземено возило

Слични вести

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите
1 min read

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.