Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Концертот „MTV Greatest Hits“ на Битолскиот оркестар DIVA следната недела во Охрид

Концертот „MTV Greatest Hits“ на Битолскиот оркестар DIVA следната недела во Охрид

1 min read
Концертот „MTV Greatest Hits“ на Битолскиот оркестар DIVA следната недела во Охрид

Охрид, 23. април 2026 (ИНПРЕС) – Еден од најбараните проекти на Битолскиот оркестар DIVA  „MTV Greatest Hits“ доаѓа и во Охрид.

Концертот денес носи уште поинакво, подлабоко значење особено сега, кога MTV повеќе не постои во онаа форма во која сите го паметиме, како симбол на една генерација, еден звук и едно време.

-Заедно ќе се потсетиме на песните што обликуваа цела генерација, песни што се слушаа гласно, се пееја од срце и останаа засекогаш врежани во нас. „MTV Greatest Hits“ во Охрид ќе биде вечер за сите што сакаат повторно да ја почувствуваат магијата на таа златна доба и тоа искрено, силно и со многу емоција. Концертот ќе биде враќање во една златна ера, во време кога музиката имаше поинаква тежина, кога песните не беа само хитови, туку дел од нашето растење, од нашите спомени, од нашите први љубови, другарувања, излегувања и соништа, велат организаторите.

Меѓу изведувачите ќе бидат Ана Петаноска, Полина Тасева, Бојан Стојков, Јасна Димитровска, Огнен Димовски заедно со Оркестар DIVA.

Концертот ќе се одржи на 1 мај во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Граѓаните со апел навремено да се одржува зеленилото долж  патеката Канео-Плаошник-Лабино (Фото)
Next Здравје: Колку брзо треба да истрчате еден километар според вашата возраст?

Слични вести

Здравје: Колку брзо треба да истрчате еден километар според вашата возраст? Здравје: Колку брзо треба да истрчате еден километар според вашата возраст?
1 min read

Здравје: Колку брзо треба да истрчате еден километар според вашата возраст?

Граѓаните со апел навремено да се одржува зеленилото долж  патеката Канео-Плаошник-Лабино (Фото) Граѓаните со апел навремено да се одржува зеленилото долж  патеката Канео-Плаошник-Лабино (Фото)
1 min read

Граѓаните со апел навремено да се одржува зеленилото долж  патеката Канео-Плаошник-Лабино (Фото)

91 Средба на правниците од денес до сабота во Охрид 91 Средба на правниците од денес до сабота во Охрид

91 Средба на правниците од денес до сабота во Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.