Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Македонската Традиционална Таеквондо Федерација дел од светската елита во Астана, Казахстан

Македонската Традиционална Таеквондо Федерација дел од светската елита во Астана, Казахстан

1 min read

Охрид, 14. август 2023 (ИНПРЕС) – Македонската Традиционална Таеквондо Федерација (Таеквондо ИТФ) од 18-ти до 26-ти август ќе учествува на Светското таеквондо ИТФ првенство во Астана, Казахстан.

Ќе учествуваат тројца натпреваручи, кои се европски медалисти и најдобри поединци, како и две официјални лица.

Подготовките се одвивале изминатите два месеци. Го дадовме нашиот максимум и се надеваме на солидни резултати, според нивниот историјат на успеси можеме да веруваме во нашите натпреварувачи, иако за нив ова е прв настап на Светско првенство, вели Марјанчо Лазаревски претседател на МТТФ и предводник на нашата репрезентација.

– Во Казахстан патуваат Христијана Парулеска црн појас I дан, Давид Крстески црн појас I дан и Елена Јанеска црн појас I дан, а во својство на официјални лица сме јас и Зоран Парулески, потпретседател на МТТФ. Тројцата претставници на нашата репрезентација се искусни натпреварувачи и Европски медалисти, кои упорно се подготвуваа во текот на летната сезона, зад себе имаат бројни медали, па се надеваме дека ќе го дадат максимумот и ќе нé израдуваат со добар пласман. Учеството е под покровителство на Агенцијата за млади и спорт, благодарност до Општина Охрид која помогна за подготовките на нашата репрезентација, како и до генералниот спонзор „ПН Метал”, потенцира Лазаревски.

Сите членови на нашата екипа имаат антидопинг сертификати, кои се задолжителни за учество на сите врвни натпреварувања. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Пивара Скопје постави пловни препреки на реките Сатеска и Даљан за заштита на езерото од отпад
Next Богослужба и литургија по повод празникот Свети Стефан

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.