Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • ХРВ: Планот на ЕУ би можел да ја влоши ситуацијата

ХРВ: Планот на ЕУ би можел да ја влоши ситуацијата

1 min read

Загреб, 28.октомври 2015 (ИНПРЕС) – Планот, кој го усогласија Европската унија и земјите од Балканот на 25 октомври со цел да се одговори на потребите на бегалците на миграциската рута во регионот на Западен Балкан, исто така би можел да ја влоши ситуацијата и да го блокира пристапот до заштита, соопшти организацијата Хјуман рајтс воч (ХРВ).

Акциониот план, чија цел е да ги спречи барателите на азил да го продолжат патот од транзитните земји и да ги направи тие земји одговорни за обработка на нивните барања, може да доведе до нови проблеми, смета ХРВ, но додава дека сепак планот вклучува чекори, кои би можеле да помогнат во зголемување на координацијата долж балканската рута.

– Добро е да се видат европските и балканските лидери како реагираат на хуманитарната криза и се обидуваат да ја избегнат катастрофата, изјави Бенјамин Вард, заменик-директор за Европа и централна Азија во ХРВ.

Тој додаде дека наместо да се воведе повеќе ред во миграциските текови и да се инсистира барањата за азил да се обработуваат поефикасно, планот би можел едноставно да ги пренасочи бегалците и да ја блокира нивната заштита.

Акциониот план, кој се состои од 17 точки го одобрија на 25 октомври лидерите на земјите-членки на ЕУ, Австрија, Бугарија, Хрватска, Германија, Грција, Унгарија, Романија и Словенија и на земјите-кандидати, Македонија, Албанија и Србија.

Целта на планот е подобрување на координацијата долж балканската миграциска рута.
– Доколку не најдеме решение наскоро ќе видиме семејства како исчезнуваат во студените реки на Балканот, изјави претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер. (Крај)

извор:А1Он фото:архива

Post navigation

Previous Две деца ќе одат во затвор зашто искинале постер на Ердоган?!
Next Виенски Стандард: Безбедносните структури на Србија и Македонија не се дораснати за големи кризи

Слични вести

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото
1 min read

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“ Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“
1 min read

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.