Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Распишан конкурсот за 33. издание на „Охрид фест – Охридски трубадури“

Распишан конкурсот за 33. издание на „Охрид фест – Охридски трубадури“

1 min read
Распишан конкурсот за 33. издание на „Охрид фест – Охридски трубадури“

Охрид, 23. март 2026 (ИНПРЕС) – Традицијата продолжува – распишан е конкурсот за 33. издание на интернационалниот музички фестивал „Охрид фест – Охридски трубадури“, еден од најпрепознатливите музички настани во регионот.

Фестивалот ќе се одржи на 26-ти и 27-ми август,  а организаторите повторно ги повикуваат сите креативци, изведувачи и автори да испратат свои нови композиции и да станат дел од сцената која со години создава музички приказни.

И годинава година акцентот е ставен на младите и новите имиња. Дебитантите имаат отворена врата да се претстават во рамки на двете фестивалски вечери – фолк и интернационалната поп вечер. Токму оваа комбинација на традицијата и модерното е она што го прави фестивалот уникатен.

Сите заинтересирани треба да испратат финално продуцирани композиции, со времетраење до три и пол минути, на официјалната e-mail адреса на фестивалот: ohridskifestival@gmail.com, со назнака за која вечер аплицираат.

Рокот за пријавување е до 15 јуни 2026 година.

Со децении наназад, фестивалот останува симбол на квалитет, емоција и музичка страст – сцена на која секоја песна има шанса да стане незаборавна. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Неколкучасовен прекин во водоснабдувањето во делови од Охрид
Next Езерскиот водостој на 17 сантиметри над просекот за март

Слични вести

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор? Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?
1 min read

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија
1 min read

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.