Обвинителство бара продолжување на краткотрајниот притвор за уште 48 часа за 16 лица за пожарот во Кочани, вчера се притворени уште две лица
March 19, 2025

Кочани, 19. март 2025 (ИНПРЕС) – Основното јавно обвинителство Кочани до надлежниот суд достави предлози за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48-часа за 16 лица досега опфатени со постапката за пожарот во Кочани на кои оваа мерка им истекува во текот на денот, соопшти Јавното обвинителство на Република Македонија. Вчера им изречен краткотраен притвор уште на две лица.

Од Обвинителството појаснуваат дека краткотрајниот притвор е продолжен затоа што се уште траат обемните дејствија на прибирање докази за формално очнување на истрагата.

На уште две лица, по предлог на обвинителството, притвор им е определен во текот на вчерашниот ден и тој се уште трае.

Вкупно мерката краткотраен притвор до овој момент е побарана за 18 лица.

Во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ во неделата рано наутро загинаа 59 лица, а повредени се повеќе од 150. (Крај)

извор: Нова Македонија фото: архива