Охрид, 22. март 2025 (ИНПРЕС) – Справувањето со евентуална огнена стихија од вода на потегот кон Св. Наум и во стариот дел на градот е рак рана годиниве наназад, особено во текот на летните месеци.
На ова поле засега нема ништо ново. Моментално нема некоја најава за набавка на противпожарно пловило, иако изминатите години имаше проект што не беше одобрен, вели за Супер радио и InPress командирот на Територијална противпожарна единица, Борко Јанкулоски.
– Тоа пловило, оспособено со противпожарни надградби, не би се користело само за гаснење на опожарени пловила туку и за тешко пристапните населени места што ги имаме на крајбрежјето, како што е Трпејца која е доста голем ризик. Со таквиот пловен објект би имале директен пристап за гаснење од езеро. Моментално нема некоја најава за набавка. Изминатите години имаше проект што не беше одобрен. По наше видување тоа беше од причина што сакаа повеќе институции во нашата општина да го користат за повеќе намени, што е недозволиво, тоа е единствено со противпожарна намена, мора да биде нон стоп достапно на пожарникарите, потенцира Јанкулоски.
За да не се доведеме во ситуација да се случат насакани настани, па дури потоа да почне посериозно да се размислува на оваа тема, надлежните посериозно да ја разгледаат потребата од набавка на вакво пловило за Охрид како сериозна туристичка дестинација. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес