Ремонт во хидроелектраната „Шпилје“ за поголема стабилност на хидросистемот Црн Дрим

Ремонт во хидроелектраната „Шпилје“ за поголема стабилност на хидросистемот Црн Дрим

Дебар, 14. јуни 2021 (ИНПРЕС) – Во тек е планираниот ремонт во хидроелектраната „Шпилје“ при што главна активност ќе биде замена на пеперуткастите преттурбински затворачи. 

Од 1-ви до 7-ми овој месец котата на Дебарското Езеро се намали за 2 метри како подготовка за планираниот застој на хидроелектраната „Шпилје“.

Можно е да е слика од внатре

Можно е да е слика од внатре

Производството на ХЕ „Шпилје“ ќе биде во тотален застој следните 30 денови, кога котата на езерото ќе биде во постојан пораст од 20 до 25 сантиметри. Првичната кота на езерото беше 571, 3 м.н.в., а највисоката кота што може да се достигне е 580 м.н.в, информираат од АД ЕСМ.

Додаваат дека со реализацијата на овој инвестициски проект се зголемува сигурноста и стабилноста на хидросистемот „Црн Дрим“, целосно се заштитува опремата и се елиминираат енергетските загуби на вода, што во меѓувреме ќе се користат за производство на електрична енергија. (Крај)

извор: ИнПрес фото: АД ЕСМ