Missing image

До крајот на неделава не’ очекува потопло време

Скопје, 10. јуни 2015 (ИНПРЕС) – Денес до крајот на денот ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер.

Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Максималната температура ќе достигне до 32 степени.

Метеоролозите во наредните денови, вклучувајќи го и викендот, најавуваат дека Македонија ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса.

Најтопло се очекува да биде во петок. (Крај)

извор: Метео фото: архива