Разрешени три члена на Комисијата за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион

Разрешени три члена на Комисијата за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион

Скопје, 3. јуни 2020 (Inpress) – Разрешени се три члена на Комисијата за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион, објави на нејзиниот профил на Facebook д-р Донка Барџиева- Трајковска, досегашен член на Комисијата.

Покрај Барџиева- Трајковска, разрешени се и Елеонора Новаковска и проф. д-р Сашо Коруновски. На нивно место доаѓаат д-р Јулија Тричковска, Горан Патчев и Ана Петровска.

Решението е донесено на 26-ти мај 2020 година, а потпишано од страна на претседателот на македонската Влада Оливер Спасовски.

No photo description available.

Согласно Законот за управување на Охридскиот регион од 2010 година, врз основа на кој е формирана оваа Комисија, Министерството за култура и Министерството за животна средина, заедно со Управата за заштита на културното наследство и Управата за заштита на природата, имаат посебна одговорност за досегашните но и за идните активности поврзани со овој регион, почнувајќи од легислативата па сè до нивното спроведување во практика.

No photo description available.

Роковите за исполнување на препораките од УНЕСКО за заштита на Охрид и на Охридско Езеро се одамна изминати, а досега се исполнети само некои, и тоа, пред сѐ, административните. Дел од активностите се запрени поради пандемијата од корона вирусот, а друг дел допрва треба да почнат. Во јавноста, која постојано сведочи информации и фотографии за изградени парапетчиња на плажите, ѓубришта покрај езерото или изјави на локални властодршци што „баш ги брига“, се шири впечатокот дека состојбите на теренот се влошуваат, стои во анализата на новинарот Гоце Трпковски за порталот prizma.mk.

Од Владата велат дека се обидуваат да направат сѐ што можат, и дека ја разгледуваат идејата да го стават целото подрачје под посилна владина контрола ако локалните власти и понатаму имаат тешкотии или немаат волја да ги решат проблемите. Уште од 2017 година, Охрид и езерото сe во ризик да бидат ставени на листата на светско наследство во опасност. На таа листа има 53 локации во светот, главно во безбедносно нестабилни подрачја на Блискиот Исток и во Африка, или на места што се тешко погодени од климатските промени, како Флорида во САД.

Од една страна, промената на статусот може да има позитивни ефекти и да придонесе за поголем ангажман на светската организација и на нејзините стручни тела ИКОМОС (за културното наследство) и ИУЦН (за природното) во заштитата на регионот.

Од друга страна, таа се толкува како неспособност на државата сама да се грижи за светското наследство на својата територија, па владите обично се обидуваат да ги избегнат тие одлуки, како што беше случај на минатогодишната седница на Комитетот за светското наследство што се одржа во Азербејџан.

Комплетната анализа ОВДЕ. (Крај)

извор: Inpress/Призма.мк фото: ФБ д-р Донка Барџиева- Трајковска