Општинскиот Буџет за 2022 година в среда пред советниците

Општинскиот Буџет за 2022 година в среда пред советниците

Охрид, 23. декември 2021 (ИНПРЕС) – Предлог-одлука за усвојување на буџетот на општина Охрид за 2022 година в среда, 29-ти декември, пред градските советници.

На дневен ред на шестата седница се вкупно 71 точка. Советниците ќе треба да се произнесат и по предлог буџетските програмите за туризам, локален економски развој, потоа за капитални инвестиции во образованието и детската заштита, како и предлог програмите за работа на охридските јавни претпријатија.

Меѓу другото ќе се произнесат и околу предлог-одлуките заутврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2022 година, загодишниот план за работа на Одделението за инспекциски надзор на општина Охрид, програмата за поставување урбана опрема и за утврдување на висината на надоместокот (закупнина) за 2022 година во општина Охрид, како и повеќе точки од урбанистичката сфера.

Седницата ќе се одржи во големата општинска сала со почеток во 09:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес