Се нормализира состојбата пред „Охридска банка“

Се нормализира состојбата пред „Охридска банка“

Охрид, 31. март 2020 (Inpress) – По се’ погласните реакции во јавноста за гужвите кои се создаваат пред банките и опасноста која ја носи ваквото однесување, состојбата како полека да се нормализира.

Така беше денес околу 12:00 часот пред главното седиште на „Охридска банка“ во Охрид, каде граѓаните генерално ги почитуваа препораките и во ред и со соодветно растојание меѓу себе чекаа да стигнат на ред за да влезат во банката. Граѓаните ги добиваа соодветните услуги, а забележително беше присуството на поголем број постари лица, кои ги подигаат пензиите, а не помал број беше на граѓаните кои користеа други банкарски услуги.

Читатели на OhridPress информираат дека состојбата е променлива во текот на денот и дека во раните утрински часови била регистрирана голема гужва и држење на несоодветно мало растојание помеѓу граѓаните.

Image may contain: outdoor

Слично беше и пред Поштата во Охрид, каде се чекаше ред на соодветно растојание за да се влезе и да се добие услугата.

Охриѓани генерално ги почитуваат препораките на Владата на Република Македонија и се меѓу градовите со најмалку прекршувања на препораките за ширење на Коронавирусот. (Крај)

извор: Inpress фото: Inpress