Концерт на гитаристот Борче Наумоски во Куманово

На 20-ти ноември, четврток, со почеток во 19,30 часот во малата сала на Националната установа Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово концерт ќе одржи гитаристот Борче Наумоски.

Борче Наумоски (1982г.) средното музичко образование го завршил во ДМБУЦ „ Илија Николовски Луј“ во класата на проф. Владо Станковски. Дипломирал на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”-Скопје, а магистерските студии ги завршил под менторство на проф. Срѓан Тошиќ. Во текот на додипломските студии настапувал со камерни состави, а за време на магистерските студии ја започнува професионалната концертна кариера со бројни солистички концерти.

Добитник е на втора меѓународна награда на NAISSUS GUITAR FEST.

Работи како редовен професор по гитара во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ – Скопје. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива