Традиционалната Reel Rock филмска турнеја пристигнува и во Скопје

Скопје, 21. ноември 2014 (ИНПРЕС) – Solis  во соработка со Ski Macedonia и Outdoor Collective организира настан Reel Rock 9: Valley Uprising – Yosemite’s Rock Climbing Revolution (Бунт во Долината – Револуцијата на алпинизмот во Јосемити), кој ќе се одржи на 26 ноември 2014 во Младински Културен Центар, Џебно кино.

Ова е прва година на претставување на традиционалната Reel Rock филмска турнејата, со светски најдобрите и најгледани алпинистички филмови, во Скопје. Оваа година за прв пат македонската публика ќе има можност да го проследи и деветтото продолжение на Reel Rock, кое го носи долго очекуваниот документарен филм ‘Valley Uprising’ (Бунтот во Долината) на американските филмаџии Peter Mortimer и Nick Rosen. Деветтата по ред Reel Rock филмска турнеја, што започна на 11-ти септември и трае се до јануари 2015 година, ги прикажува најдобрите филмови за алпинистичките авантури на публиката ширум светот. Така оваа година, заедно со скоро сите поголеми градови низ светот и Скопје ќе ја има несекојдневната можност да ја гледа премиерата на најновото издание на Reel Rock во поднаслов “Valley Uprising – Yosemite’s Rock Climbing Revolution”. Reel Rock проекциите се духовни настани каде алпинистите, авантуристите и љубителите на природата се здружуваат за да ја прослават и искусат сржта на авантуристичкиот филм. Дел од забавата на Reel Rock настаните секогаш се и различните презентации, доделување на награди, присуството на врвни алпинисти, кратки филмови и претставувања… чиј дел ќе го имаме и на овој настан. Така на скопското издание ќе има и претставување на гостите од Србија Оutdoor collective, кратки видеа од српската качувачка сцена, презентација за етика во качувањето под наслов “Не оставај трага”, проекција на видеото Commit to The Pact на Access Fund, интервју со Brady Robinson од Reel Rock Tour Белград, презентација на Александар Кирковски по повод 150 години од првото искачување на Матерхорн, изложба  на оutdoor фотографии од Македонија на Христијан Трајчевски и Тони Димитров и уште многу други изненадувања.

Деветтото продолжение на Reel Rock филмската турнеја го вклучува и прикажувањето на долгометражниот документарен филм “Valley Uprising” (Бунтот во Долината), најзначајната нераскажана приказна посветена на Американската контра-култура и алпинистите од Јосемитската долина.

Valley Uprising е документарец што ја раскажува оваа извонредна приказна. Преку дигитално анимирани фотографии од архивите, спектакуларни филмски сцени од денешнината и минатото и интервјуа со великаните од Јосемити, Valley Uprising ја раскажува приказната за храбрите мажи и жени кои ги прекршија правилата и ги редефинираа границите на човековите можности во најлегендарниот национален парк во Америка.

Филмот Valley Uprising веќе се закити со Grand Prize наградата на Banff Mountain, еден од најзначајните филмски фестивали за планински филм.

Во 2013, Reel Rock се емитуваше на повеќе од 400 локации во светот, привлече повеќе од 100.000 публика, собра над 35.000 американски долари за разни активистички цели, склучи партнерство со повеќе од 150 разни претставници, качувачки и болдер сали и забележа извонредна медиумска покриеност и пофални критики. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива