Промоција на романот „Годишни времиња“ од Јулијана Величковска

Скопје, 22. ноември 2014 (ИНПРЕС) – На 25 ноември, вторник, во Скопје ќе се одржи промоцијата на романот „Годишни времиња“ од Јулијана Величковска.

Промотори на книгата ќе бидат: Владимир Мартиновски и Славица Гаџова Свидерска и Душко Крстевски.

Извадоци од романот ќе чита Арна Шијак.

Величковска пишува поезија и проза, а книгата „Годишни времиња“ е нејзин прв роман.

Настанот ќе биде во МКЦ Галерија во 20 часот. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива