Missing image

Еко зелен час денес во основните училишта низ Македонија

Скопје, 26. мај 2015 (ИНПРЕС) – Основните училишта денес спроведуваат акција на ниво на цела држава за одржување на еден еко-час.

Училиштата треба да одвојат еден наставен час од денешната настава и да го поврзат со екологијата. Дел од учениците ќе засадат семе од садници во училишите дворови. Мотото на оваа акција е „Од семче до сандиче“, а целта е најмладите да засадат семки од одбрани растенија, кои ќе никнат во садници, а потоа ќе ги одгледуваат. Садниците ќе останат како спомен за идните генерации, кои во иднина ќе учат во училиштата.

Денешниот еко-час во основните училишта ширум цела Македонија е поразличен од Денот на дрвото, но ги поврзува иста цел, да се подигне свеста за заштита на дрвата и младите садници. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива